Monday, June 7, 2010

ПАТРИОТИЗАМ, МАНГУПЛАК, ИЛИ ПРИМИТИВИЗАМ?

Повод: „Четирите страни на светот: Јужна Африка“од А.Русјаков, „Нова Македонија“,5.6.2010


Не можев да додржам, а да не напишам некој збор за вчудовидувачки големиот број колумнисти, кои се обидуваат, со простачко изразување и користење примитивно изразување, најверојатно, како недостаток во сопствениот речник, да ги надоместат празнините во сопствената личност, и да му се претстават на народот, како невидени мангупи, како спасители, или како интелектуалци - нонкомформисти! Умислени патриоти! Сподоби кои сметаат дека само, ако се потпишат со уметник, веднаш стануваат тоа! Неранимајковци преоблечени во патриотско руво (дали е златно, не знам), кои се обидуваат преку приземни изрази (најверојатно поинаку и не знаат), да го дискфалификуваат и омаловажат неистородниот мислител, кој веднаш го прогласуваат за политички противник, или предавник! Еве го мојот коментар, на овој наплив на „наш“голем „патриотизам“:


Колку зачудувачки богат вокабулар! Колку голема култура има во изразите „Лазе-газе, Бихаќко Јајце, тинтрањето ташаци на Грчиштата, во рајот за мадиња...“! Феноменално! Да знаел браварот (кој навистина знаел неколку светски јазици, да свири како Шопен и да ги рецитира беспрекорно Пушкин и Јесењин, на беспрекорен Руски) какви приземни примитивци ќе доведе на сцена во оваа земја, веднаш би ни ги вратил „единствените“ Менделеевци: „Ченто, Брашнаров и Петрушев“и „од наваму“, но и од натаму! Дали идеалот на „Нова Македонија“ е да дозволи секому да пишува коментари, без оглед на примитивизмот што го поседува? Дали „Западноевропските Манијаци“, се помалку манични од овие „нашиве“? Дали италијанските „лигуши со топка“ се заслужни за нашите фудбалски дебакли? Дали авторот говори за самозадоволство, кога го спомнува „јеби га“, или тоа му е само, задоволство! Дали се работи за премногу добро информиран Македонец, наспроти неинформирани и лажирани Словенци? Кој, кому му го „збиберува“? Дали некогаш сте слушнале за Офанзивен Речник и забраната на овој вокабулар во „покварениот свет“ застанат, како пречка, наспроти „идеалната Македонија“? Дали авторот знае воопшто некој друг јазик, освен овој нападно-простачкиов, замислувајќи се дека е мангуп? Дали знае тој да рецитира, макар и на Македонски, нешто од Пушкин, Едгар А. По, Федерико Гарсија Лорка, од скоро починатиот великан, Андреј Вознесенски...? Дали познава некое од делата на Пикасо, Кандински, Гоја, Е. Шиле, Г. Климт, К. Маљевич, Кокошка...? Дали...? ...? И, повторно, некој, сосема друг, ни е виновен, а ние златни! УрРраааа!

По ваквиот натпис, се јавија огромен број душегрижници, кои не се далеку од логиката на фудбалските навивачи, кои навалија во својот примитивен стил, најверојатно мислејќи дека јас не сум навикнат на ваквиот речник и простачко изразување! Еве го мојот одговор, кој е изнесен во истиот весник:

Примитивниот говор е карактерна особеност на Примитивецот! Ваквиот говор е дозволен во меѓусебна комуникација, но никако не во медиум, каде си ја изразувате количината простотилук, потпишани како уметник! Примитивизмот и Простотилукот не се карактеристика на некое духовно богатство, ниту се израз на некој особен интелект! Постојано се прашувам - Кој е Гробарот на „нашиот“ идентитет? Јас воопшто не се идентификувам со ваквите Прости Сподоби! Се срамувам од нивниот обид да се Идентификуваат со народот и со мене, а вие?

No comments:

Post a Comment