Thursday, June 3, 2010

ИЗБОР НА НАЈГЛУП И НАЈГРД НАДГРОБЕН СПОМЕНИК

Време е на споменици! Време за лечење на патриотизмот! Лековит Споменик! Колку тоа „гордо“звучи! Му недостасува ли патриотизмот на Македонецот? Дали е токму тоа, она што му недостасува? За вас избрав неколку Кичфигурини, кои се прескапо платени (ако некогаш воопшто ја дознаеме вистинската цена)! Одберете ја најглупавата! И што тогаш?! Право пред неа, на лечење! Намерно во нив ги нема „спомениците“на Гоце, Даме, или некој од непристигнатите! За да не ги навредам овие личности, кои сакале, или не, се сепак дел од матната историја на овој народ!





Кичфигурина број 1! Жена, Риба, или Рак? Што е тоа? Точниот одговор гласи Женарибарак!


Втора кичфигурина! Тие, ние, вие, седите! Поставена на самиот кеј, поред Кафиќите, на местото завземено од нив, кое всушност требаше да биде Шеталиште! И што е чудното кај овој Лековит кичерај? Формата на главата на суштеството, кое би требало да го претставува женскиот род е измоделирана во форма на современ Македонски Вонземјанин! Нозете се во форма на Лопата! Рацете делуваат како преплет на диспропорционални Црева! Љубов? Или Панаѓур? Погледнете во „прекрасната“оивичена форма, онаму, кај газот! Токму тука авторот предвидел да здогледаме кафеанско столче! Го гледате? Јас гледам WC шолја!  Даааа...Сега ми е јасно! Недореченоста е главната поента на авторот! Како во роман, каде крајот може да си го претпоставите во илјада верзии! Но овој пат, во недостаток на инвентивност, во целост недостасуваат почетокот, дејствието, целта, па затоа и поентата отсуствува во Целост! Кој би одолеал да ја прогласи за бр.1!

Неуспешен обид за апстрактен кубизам! Неодредена форма, која наместо да истакне, сокрива! Плиткиот срамежлив релјеф само ја истакнува авторовата несигурност!
Обид за игра на картата Патриотизам! Скулптурата имала шанси да стане ликовно дело, ако авторот не го употребил електромоторот за вртење на фигурата! Колку ли чинат потрошените киловати електрична енергија, кои оваа кичфигурина ја претвораат во Константен Потрошувач?
Познатата сцена од Галичкото „Тешкото“! Уште една игра на тема патриотизам, во обид ликовното дело на еден наш славен сликар да се преведе во Пластична форма! О-о-о пааа-и-ихааа!
Една од моите „омилени“Кичфигурини со наслов: „Еееејј“(!?)Овој набран диспропорционално-безизразен чичко е Чудо на современиот вокабулар! „Еееејјј“! Добро е кога авторот не ја именувал како „’’а’А’а“, по добро познатиот скратен израз за „извинете, Ве молам...“на нашите сограѓани!
„Капачка“!? Се прашувам, која ли е поентата? Дали зборот „Капачка“, потекнува од зборот Капа? Онаа кутрана, што и` се гледаат нозете, одамна не излегла од водата! Смешен обид за постигнување на динамика! Беден обид за модернизам!
И покрај тоа што при погледот кон уметничките дела се обидувам да го избришам мотивот, а да ги согледувам со нивните ликовни вредности и елементи, не можам да го изоставам чувството, дека тука е направен жален обид за апстрактност и сосема неуспешен обид за претставување на задник! Разводната кутија за електрична енергија, или за телефонија, поставена до неа и дава особено значење! Оние кои се преправаат дека се големи познавачи и поборници за уметност се докажуваат со поставеноста на самата скулптура!

Дефинитивно една од најзначајните Кичфигурини! Типичен претставник на Барокот! :) Ваков Соцреализам немаше ниту во СССР! Идиличната слика на семејство, говори самата за себе! Гроздот, во рацете на овој Übermensch би требало да асоцира на богатството?! На Бахус?! На гроздоберот во кТиквешко?! На што ли? Поставеноста на оваа фигура е исто така врвен идиотизам на градските оци!

Ако добро се сеќавам на насловот ова дело се нарекува „Поглед“! Желба да се претстави кловн, што ли? Исмејување на луѓето со откопчана кошула до под волната од градите и златниот, како прст дебел, ланец? Дали кондурите, му служат за рамнотежа? Која е играта на авторот, со ова човече со исклучително кратки нозе и предолги панталони? Колку потсетува на девојчето кое чекаше пред семафорите кај „Рекорд“! Каде ли отиде тоа девојче? Ја премина ли Улицата? Ја прегази ли некој несовесен возач, кој не застанал на Зелено?
Бик! Дело од кое намерно го извлекувам најзначајниот „уметнички“ детаљ! Целосно неуспешен обид да се ископира делото од Волстрит (не, не е улица на Воловите)! Значајна е популарноста на делото меѓу народот (ех, почнав да звучам портокалово)! Се качуваат дечињата, го јаваат возрасните, се чекаат „пред Волот“...! Му недостасува силата на El Torro, но затоа има снажни детаљи!


Се прашувам, како може неуспешен сценограф од аматерската М ТВ да направи нешто за уметноста! Какви сознанија има тој за неа? Освен обоеноста на безличните Кичфигурини и златните ташни, што друго има во овие „скулптури“, кои повеќе прилегаат на порцеланските фигурини кои се продаваа во „Стоковна Куќа“и „Нама“? Едно големо Ништо!

И поред недостатоците и Кичерајот, таа е најобожаваната меѓу малите дечиња! Иако реалистички изработена, недостасува Ликот! Прекрасна Играчка за дечињата! Токму заради тоа нема да ја рангирам како Најгрда Кич фигура! Му недостасува Ималинот!


Што е тоа што ја Упропастува оваа скулптура? Скулптура, која наликува на трагедијатаод Шекспир за Андроникусовата ќерка Лавинија! Дали авторот ја прочитал приказната? Она што ја расипува целината на ова дело е Белината на столбот, која делува како страно тело, додаток кој е вештачки пришиен! Може слободно да кажеме дека, поред „Просјакот“е едно од ретките дела кои не спаѓаат во Кичерајот, но е дело кое е Упропастено со столбот!

No comments:

Post a Comment