Monday, May 7, 2012

НЕДОРАСНАТ ЗА АРХИТЕКТУРАТА


Споменик на
паднатите херои во Жена парк,
или Берлинска колумна на победата?!
А, што друго да каже почитуваниот господин Танге? Сигурно бил шокиран од убавињата на преродениот барок! Ако некој ужива во грдото и го воспева како убавина, треба ли тој да му го ускрати задоволството? Зарем би требало да расправа со некого кому естетиката не му е ниту во зародиш? Што да каже, ако некој ужива во грдиот сладкаст кичерај и го воспева како убавина единствен градски белег на ребрендираното Скопје!? Зарем би требало да објаснува за убавото некому кому вилеровите“ гоблени во златна „барокна“ рамка му се естетски врв, или, пак, со оние кои купуваат слики на кило за да им одговара на мебелот? Како оние во ТЦ „Бисер“, или пред Гратскиот трговски, каде сликите се продаваат за 50-100 евра, во зависност од димензиите?!

Friday, May 4, 2012

МИЛОЗЛИВ ПОТСЕТНИК ЗА ПОЛИЦИЈАТА






Карактеристично за случајов е што за апсењето на дваесеттина терористи, МВР употребило 800 полицајци! Истиот број специјалци, можеби и поголем, беше употребен и при апсењето на Велија Рамковски и на неговите соработници, обвинети за злосторничко здружување и за затајување на данок. Се поставува прашањето што е поопасно за државата, тероризмот, или неисполнителните даночни обврзници!?

Thursday, May 3, 2012

ИСПОВЕД НА ГРЕШНИОТ




Деновиве се изнаслушав глупости од типот дека сите оние неверни се некои зли и расипани до с’рж луѓе, платеници на странските служби, предавници, луѓе криминалци и убијци, кои повеќе наликуваат на монструми и некакви мутирани суштества од вселената отколку на живи овоземни битија. Неретко ваквите констатации потекнуваа од такви пред чие име стои некоја научна титула. Наспроти тоа, тие нè уверуваат дека верните се високоморални личности, преполни со љубов за ближните, кои никогаш не би посакале туѓо, ниту украле, ниту би сториле некакво зло.