Friday, May 4, 2012

МИЛОЗЛИВ ПОТСЕТНИК ЗА ПОЛИЦИЈАТА






Карактеристично за случајов е што за апсењето на дваесеттина терористи, МВР употребило 800 полицајци! Истиот број специјалци, можеби и поголем, беше употребен и при апсењето на Велија Рамковски и на неговите соработници, обвинети за злосторничко здружување и за затајување на данок. Се поставува прашањето што е поопасно за државата, тероризмот, или неисполнителните даночни обврзници!?


Целата служба за државна безбедност е разурната уште во времето на Д. Димова, а после неколкукратното лажење на граѓаните во неколкуте случаи кои сè уште не се решени, во кои до гушата беа вмешани припадници на овие служби, ни преостанува и нам неверните да се прекрстиме и да му се помолиме на господа да не не стигне некоја потера. Останаа не расветлени докрај: убиството во Рибниот ресторан, убиството на Мартин Нешковски, она на младиот Мухамед Јашари, наводното самодавење на Трајан Беќиров… и сега треба да поверуваме дека МВР е искрено и дека ги нашло вистинските сторители!?

Еве, сè уште не ми е јасно како може да не биле случајни само местото и датумот, а дека се работи за добро и професионално испланирана акција. Демек,терористите знаеле каде и кога, но толку добро планирале што морале да причекаат некој непланирано да наиде за да го спроведат својот план!? Од Пакистанско-Авганистанската врска во Македонија имаме само еден куп илегални имигранти од тие краишта, кои најслободно шетаат низ северниов дел на земјава и се превезуваат со меѓуградски автобуси, а полицијата, верувам дека и уапсените шесттемина кај наплатната рампа „Романовце“ (настан од пред три-четири недели, необјавен во медиумите) ги приклучила во успешната акција за лов на илегалци во Лојане. Да не делат од профитот?! Ма, не! Не верувам! Никако! Во полицијата нема корумпираност! Нели?! 

Постојано се прашувам што е поопасно. Дали е тоа радикалниот ислам, радикалното христијанство, радикалниот национализам, или нечии други радикални запалени следбеници? Министерката од петни жили се напрегаше да ни објасни дека само радикалниот ислам бил штетен за државава, а детонаторот лежи во сечија рака. Прашање е само кој прв ќе притисне на копчето!

(*напомена: дел од текстот е пишуван како одговор на интервјуто на министерката за внатрешни работи Г. Јанкуловска во „Дневник“ 4.5.2012 насловено како „Брутално нè потсетијана што треба да бидеме подготвени“)


додаток на потсетникот:
Видеово е поставено на Јутјуб на 12 ЈАНУАРИ 2012 година! „Само“ три-четири месеци пред „успешната акција“ во Лојане (од пред пет-шест дена) кога уловивте група од „цели“  59 имигранти! Претходно биле „само“ околу 500 (според изјава на мештаните), но полицијата изгледа немала пристап до селото заради големиот и длабок снег, или дремела заради долгата и ладна зима! :0)) Зошто ли имам чувство дека некој се обидува да манипулира со граѓаните?


(*уште една напомена: Видеово е поставено на Јутјуб на 12 ЈАНУАРИ 2012 година!!!!) 
 Кој кого *** (*прави будала) у оваа проклетија?!?


No comments:

Post a Comment