Friday, July 23, 2010

НАСМЕВКА МОЛАМ!


Одлично! Успеа да ми измамиш утринска Насмевка! Особено со Неповторливиот „...Добро Јутро!“! А, што има повредно од Насмевката? Единствено... можеби Сонцето, на кое му се поклонувале нашите Пагани претци, добро познавајќи ја неговата менлива ќуд! Но, сега и тоа се изменило, па Пече со сета жестина, како да сака да ни врати што сме заборавиле да му отпоздравиме!

Tuesday, July 13, 2010

ТОКМАКОТ СЕ СТОКМИ



Сатирата извира и од парахроното враќање во праисторијата,што го нарекувате проект“! Замислете да го вратиме Ќиро“, бидејќи некому му буди сентиментални сеќавања, или да го урнеме центарот, во делот кај сегашниот Сити“ (Стоковна Куќа“) за да на негово место ги изградиме бараките и бројните кафеани, но овој пат во Барок“!? 

НЕВОЛШЕБНИКОТ ОД ЗОО


И Магарињата имаат право на Смеа!Зар не?!

Животот во Бедната Копија на Зоо можеби е и потрагичен, колку и бедното копирање на граѓанството! Дали ќе удрите со левицата, или со десницата(?) - та, сеедно е, средината е иста, ударот е постојано Слаб, Немоќен! Магијата воопшто не постои, таа е само привид! Мираж! Неа ја замислуваме во нашите глави како производ на пустите желби!

Thursday, July 8, 2010

ИН E АУТ



Еден текст во денешните дневни весници говореше за лошата детска игра, во која преовладува насилството, за штетното влијание на интернетот, барајќи го проблемот дури и во храната полна со хормони. За жал проблемот е многу подлабок и посложен од кажаното!

Wednesday, July 7, 2010

КАРТА, ЗА БЕДНА КОПИЈА



„Нашиот“ Циркус е само Бледа копија на „Медрано“! Толку ни чини и ако ја платиме картата стотина денари, или неколку стотини евра! Услов е само да не се работи за оние Барокните!

Monday, July 5, 2010

ЗЕЛЕНАТА ТИКВА НА РАМБО

Му има ли крај на лигавењето кон власта од овој новинар? Очигледно е настроена како математичарот Бајрам!  Целосно и секогаш и’ е посветена на власта! „Нова Македонија“, 2.7.2010.


Интересно ќе биде сознанието на тие копачи од иднината (по илјада години) откако ќе ги ископаат „нашите“ антички артефакти!Ќе биде интересно да им се види Фацата!

Friday, July 2, 2010

БЕЗЗАКОНИЕ!

Можеби и има некои сличности меѓу Нерон и „нашиот“ Пастир* (*превод за неупатените: Пастир-водач на овци, овчар:)! Нерон, прво го запалил Рим, па ги ограбил Патрициите за да го направи прекрасниот Рим, кој го замислил да наликува на Атина! Пастирот, успеа да го урне Скопје, без да го запали, прогласувајќи го тоа за градење, земајќи од најбедните: невработените, болниците, стечајците, млекарите, „плебсот“... со намера да ги Збогати „патрициите“, а Скопје, почнува да наликува на Атина, според Неокласицизмот, кој тие го сонуваат како Антички Великомакедонски „Грандиозен Барок“ (читај: анахрона глупост)!