Wednesday, July 7, 2010

КАРТА, ЗА БЕДНА КОПИЈА



„Нашиот“ Циркус е само Бледа копија на „Медрано“! Толку ни чини и ако ја платиме картата стотина денари, или неколку стотини евра! Услов е само да не се работи за оние Барокните!

Едно е Сигурно, недостатокот од инвентивност во одговорот на СДСМ, потекнува од целосната инсуфиенција на креативност во инфантилните шкрабаници на спротивниот табор! Не знам зошто живеете во заблудата дека некој е толку голем патриот, што дури „ниту името“ не го дава? Зарем патриотизмот се докажува единствено со повикот за неменување на името? Зарем најавите за промена во ставот при средбата со господинот Папандреу не говорат доволно јасно за играњето миженка со слепите? Зарем не е поголем патриотизам да му обезбедите на народот подобра Сегашност, без залудни илузии за виртуелната иднина?

Основната поента во детските писанија е: Вие Така Правевте, што нам ни дава за Право тоа да го Правиме жарко со Уште поголем Занес! Ниту педа повеќе немаат мрднато од оние кои ги критикуваат! Напротив, движењето им оди во Дрска и експресна Надолна Линија! Ќе имаме повторување на ситуацијата, народот да гласа за другиот само заради незаситната желба (повеќе е Потреба) да ја промени Самобендисаната Власт!

Појдете до Москва, прошетајте поред ѕидините на Кремљ! Ќе осознаете дека Стаљин е Легенда која ќе трае во историјата со векови, ништо помалку од Иван Грозни, или Петар Велики, но не биле цвеќенца ниту Англиските кралици, ниту француските кралеви и револуционери, жедни за крв, со бескрајна желба за Кратење Глави! Едно е сигурно, неговата војска Прва Влегува во Берлин и тие се единствените кои ги ослободуваат затворениците на Освјенцим! „Нашите“ Бедни политичари не му се ниту до прстето!

напомена: ова е мој коментар на текстот во „Нова Македонија“ од 6.7.2010

No comments:

Post a Comment