Friday, July 2, 2010

БЕЗЗАКОНИЕ!

Можеби и има некои сличности меѓу Нерон и „нашиот“ Пастир* (*превод за неупатените: Пастир-водач на овци, овчар:)! Нерон, прво го запалил Рим, па ги ограбил Патрициите за да го направи прекрасниот Рим, кој го замислил да наликува на Атина! Пастирот, успеа да го урне Скопје, без да го запали, прогласувајќи го тоа за градење, земајќи од најбедните: невработените, болниците, стечајците, млекарите, „плебсот“... со намера да ги Збогати „патрициите“, а Скопје, почнува да наликува на Атина, според Неокласицизмот, кој тие го сонуваат како Антички Великомакедонски „Грандиозен Барок“ (читај: анахрона глупост)!

Нерон, обожувал да глуми, но секогаш во Главната Ролја и тоа го правел доста успешно, рецитирајќи наизуст и пишувајќи стихови, но и Цртал, сликал и вајал! „Нашиот“Пастир, безуспешно се обидува да глуми боксер, во сосема споредна улога! Поим нема од цртање, а и вкусот за вајарските дела му е незначителен! Идилично е поврзан со (не)вкусот за Кичфигурините од налудничавиот проект „Скопје 2014Δп.н.е.“! Нерон, не ги фермал сенаторите и Законите! „Нашиот“ Шериф од скаските (за малите деца) ги занемарува парламентарците, а работи Спротивно на законите! Дали непознавањето на законите потекнува од (не)знаењето, глумењето мутавост, или, пак, од Зла Намера, поттикната исклучиво од примитивниот Порив за Лично Богатење, ќе дознаеме многу подоцна! Се надевам, Не и Предоцна!

Респектот на Институциите што ја претставуваат државата и нивниот дигнитет, најчесто, го уриваат самите носители на функциите преку своите постапки, говорот и однесувањето, а најчесто со количеството Ароганција која ја искажуваат кон избирачкото тело, граѓаните! Занесеноста е уште поголема, при слабата математика и животот во Облаците! За жал кај нас, изборниот закон, дозволува избор на функција преку 1/9 од гласачкото тело! Доволни се гласовите на 1/3 гласачи од 1/3 излезени на гласање, за да некој биде „Институција“! Така доаѓаме до реалната бројка, кого го претставуваат овие избраници - бројот не е поголем од 178 илјади гласачи! Називот „Пастир“ го лансираше при своето Лигавење, еден безначаен „новинар“, кој како заслуга доби висок Хонорар (исплатен од парите на граѓаните) и позиција! Расфрлањето со Туѓите пари, оние од граѓаните, и нивното ненаменско трошење, ја докажува „гордоста“ на овие институции! Ако Тие не ги Почитуваат Граѓаните, сметајќи ги за „какви-такви“ „будали“, ниту Законите, а Должни Се да Ги Почитуваат, не знам зошто би имале обврска Граѓаните, да ги почитуваат нив? За разлика од некои, немам никаква потреба од „Пастири“ и „водачи“, ниту во нивниот фигуративен, ниту во нивниот реален облик! Особено не, од такви, кои се навлезени во „филмска“ димензија на „вредности“ и „антички величини“!

Она што граѓаните би требало да го знаат, а Власта намерно го заборава, е дека: Уставниот суд на Република Македонија е Државен Орган (Институција на државата) чии одлуки за заштита на уставноста и законитоста се Задолжителни и Извршни за Сите Правни Субјекти, без право на жалба, или одлагање на нивното извршување! Почитувањето на Уставот и Законите во една земја ја прават, истата, да биде помалку, или повеќе Држава, а не - почитта кон функционерите, кои не ги почитуваат одлуките на своите државни органи и се ставаат Над Законите на државата која ја претставуваат!


Трите коментари се објавени во „Нова Македонија“, 1.7.2010, во текстот „Уставен суд го укина „Мал Ринг“

Постојано се повикуваат на САД, на Запад и Европа! Велат, така било и таму! Замислете во некоја од наведените земји, или во Западна Европа, било каде во Капитализмот, ваква Дрска и Бесрамна Власт! Ним, нема да им се случи СДСМ, ним ќе им се случува Народот и тоа до оној момент, додека не си заминат од власта! Со Трпе, сопругот на Трпана, тоа е поинаку! Тој е навикнат да Трпи! Најверојатно, сеуште се надева на подобро утре, иако, не Втераа во Античкото Минато! Нерон решил да не го почитува Сенатот! Но Нерон, Знаел да глуми, Вајал, Цртал, Пишувал Поезија, Рецитирал цели Поеми наизуст! Николае, не знае ниту да ги прочита говорите, ниту да глуми, но тој е над законите, над државата! Ма, тој е самата држава! Ниту една власт, досега, не се однесувала со толку дрзок тон кон граѓаните и кон институциите на системот! Никој, досега, не бил толку игнорантен кон сопствениот народ! Никој не се поставил отворено против Законите! Каква неверојатна сила! Каква Ароганција! Каква „патриотска“ Надменост! Браво!


Во „Утрински“, 2.7.2010.

Ова, само укажува на големината на Лудилото и на Хаосот во кои живееме! Не е чудо кога некој граѓанин на оваа земја ги крши законите, најчесто од незнаење, или од нечесни побуди, Чудо е кога Државата, нејзината Влада, се однесува како инфантилен самобендисан граѓанин, па се става Над Законите! Тогаш е повеќе од Сигурно дека Постои Зла Намера! Во светот, нема примери власта организирано да го крши Уставот! Ова може да упатува единствено на Степенот на Нивното (Не)знаење, или на тоа дека Организираниот Криминал Царува со оваа земја! Само во Најцрните Диктаторски Режими може да се јави ситуација, каде власта располага Самостојно и потполно Неконтролирано со Вашите Пари! Она што е најтрагично - ги Троши во Беден Кичерај, кој лажно го претставува како некаква „висока уметност“, а не за развој на јавниот сектор, подобрување на инфраструктурата, или за развој на стопанството!


„Утрински“, 1.7.2010.

No comments:

Post a Comment