Friday, July 23, 2010

НАСМЕВКА МОЛАМ!


Одлично! Успеа да ми измамиш утринска Насмевка! Особено со Неповторливиот „...Добро Јутро!“! А, што има повредно од Насмевката? Единствено... можеби Сонцето, на кое му се поклонувале нашите Пагани претци, добро познавајќи ја неговата менлива ќуд! Но, сега и тоа се изменило, па Пече со сета жестина, како да сака да ни врати што сме заборавиле да му отпоздравиме!


Се сеќавам на моите ученици: „Вие сте единствениот кој не ни забранува да се смееме“!-велеа радосно! „Па кој ви брани?“?!- ги прашав зачудено! „Сите,освен Вие!“, одговорија унисоно и со насмевка! Им ја раскажав приказната за разликата Меѓу Животните и Човекот, советувајќи ги - Што Повеќе да се Смеат во Животот! „Монти Пајтон ја користеа насмевката дури и како тајно оружје! Таа е и моето оружје!“- им повторував! Насмевка - тоа е она што народецов, нагазен од маки, сè помалку го прави! Шетам поред Собранието, плоштадот и Владата, насмеан! Се кинам од смеење! Народе, па зарем малку Глупости секојдневно Ве опкружуваат?! Што има посмешно од нив? Ах, Да! „Нашите“политичари и бизнисмени!

објавено во „Утрински“,23.7.2010, како коментар на прекрасниот текст Индијанците собираат дрва“ од Јосиф!

No comments:

Post a Comment