Monday, July 25, 2016

МЕМЕНТО


  На 1 јули 2012 година беше срамнета со земја околината на Старата железничка станица. Скопје одново доживеа катаклизма! Овој пат за тоа не беше виновна природата, туку човековата глупост. Уништени беа преостанатите перони, дел од пругата, дел од накнадно реконструираното крило...

 Во пресрет на утрешниот ден, еден од најзначајните датуми во историјата на Скопје, објавувам една моја постара фотографија која ја постирав уште во јули 2012-та година, како реакција на катаклизмата која одново ја доживува мојот град – многу пострашна од таа во 1963, овој пат по налог на нашето фирерче, а извршител е Коце кому повеќе му прилега функцијата градски дрвосеча отколку градоначалник. Ужасот ни се случува(ше) пред нашите очи, а ние си молчевме и сè уште молчиме!

  Во чест на мојот град кој за четири-пет години „преродбенициве“ успешно го трансформираа во паланка од крајот на светот, а неговото срце – Центарот на градот – во тешко средсело и селски панаѓур... Во помен на жртвите од земјотресот, наместо едноминутно молчење:

*Кликнете на сликата за да ја зголемите!

Вечна ти слава, граду мој!

Wednesday, July 20, 2016

ТЕЛАЛ ВИЧЕ...



 На 15 јули македонската јавност, тие што гледаа Си-Ен-Ен, или Јуроњуз, имаше можност да гледа во живо како изгледа еден обид за пуч: војска, полиција, тенкови, авиони, хеликоптери, истрели од оружје, неколку експлозии…

 Ништо од ова не наликуваше на „македонскиот пуч“ од јануари минатата година, кога масовни полициски сили беа (зло)употребени за апсењето на пензионираниот разузнувач Верушевски и на политичкиот опонент Заев. За да чудото биде поголемо двајцата беа обвинети под сомневање дека планирале и извеле пуч и дека во УБК организирале прислушкување, со

Monday, July 18, 2016

СОМНИТЕЛНА ИГРА



 Два настани се актуелни деновиве во Германија. Едниот е откривањето на фактот дека германската обавештајна агенција ги шпионирала ЕУ и НАТО, а вториот е судењето на Јосип Перковиќ и Здравко Мустач, поранешни припадници на југословенската тајна служба обвинети за убиство на наводни хрватски дисиденти во осумдесетите години од минатиот век, кои се всушност членови на усташка екстремистичка организација во Германија.

Monday, July 4, 2016

СÈ ПО СТАРО




Антички барокен циркус
 Реформи во светот се прават за да се подобрат состојбите во некоја област. Кај нас се прават повеќе од 24 години, но тие, наместо да ја подобрат, со години ја влошуваат состојбата. Не е ни чудо кога се прават наопаку и целта не им е подобрување или средување на работите, туку поединци да се прикажат како реформатори. Зад себе оставаат хаос.