Tuesday, June 1, 2010

ПОРТОКОЛАДЕН ПОПУЛИЗАМ

Зачудувачки!? Не! Секој политичар требало да ги следи граѓаните во нивните желби, за да не го загуби рејтингот (изјава на Ј.Донев)!? Вообичаено е капетанот и кормиларот да управуваат со бродот, а не патниците! Во нашиот случај, изгледа дека и едните и другите, се пијани до бесвест, па му го дале Кормилото на хроничниот зависник! Пловиме во сите правци, токму како „Пијаниот кораб“на Сава Шумановиќ - голи, боси и опиени!
Се вртиме во затворен круг, носени насекаде од брановите што сами си ги создаваме! Тонеме полека, но сигурно, пресреќни во сопствената глупост и самозадоволни од своето незнаење! Ако не е опиеноста, она на што можеме да се извадиме, тогаш дефинитивно се работи за масовна заразна болест - епидемија на тежок и неизлечив примитивизам, измешана со висок степен на мазохизам!

No comments:

Post a Comment