Monday, June 28, 2010

ЕВЕРГРИН

Децата пораснале, а Пипи, долгите чорапи ги заменила со подвезици! Така барем вели човекот кој се потпишува како уметник во „Нова Македонија“, наведувајќи ја сласта задскриена под подвезиците и чипканите чорапи, заборавајќи дека огавните, ќе останат такви и поред чипкастите гаќички и трите тони шминка, кои безуспешно го кријат примитивниот порив на најстариот занает!


Има една континуирано-современа драма („Жута“), каде што проститутка, Без Подвезици, дава опис на двојниот морал, кој безглаво Царува во општеството, токму онака, како што царува безглавата политика: „Заради таквите, ние, чесните курви, не можеме ниту да заработиме“, посочувајќи го „невиниот“ курвалак Со Подвезици, кој ги искачува  „чесните“ и лигави полжави секојдневно за еден степен повисоко во службата, политиката… еден степеник повисоко на пиедесталот, кај шефот, директорот, газдата, лидерот… Ваквиот вид проституција е во блиско сродство со Политиката, поточно, со политиканството кое царува! Умниот политичар секогаш ги отфрла, како скината и излитена мивка, уште пред употреба! Кавернозните, ги превземаат ваквите „чесни“ проститутки кои биле Отфрлени по употребата од претходникот, обидувајќи се на тој начин да ги надополнат своите празнини! Стремејќи се кон проституција со народот, не гледаат никакво зло во променетата боја на нивните подвезици, или на светликавите пердуви, најчесто туѓи, со кои секогаш се китат, за да привлечат внимание на себе! Најчесто се толку напалени, што забораваат дека се работи за сосема иста анимир-дама од Мракот, сосема иста Дроца, која била Отфрлена од претходникот! Секако, длабоко е внатрешно душевно чувство, и без разлика на истополовоста, или хетерополноста, Тие се Најчесто Биполови (поточно Мултиполови)! И покрај честата употреба, остануваат на врвот, ценети единствено според својата вештина на заведување, но имаат длабок жиг, безуспешно бришен со помош на корективна хирургија, на кој пишува „Употребувано“! Имаат несомнено огромно искуство во бесрамното заведување на Неискусните Клиенти, Напалени Пубертетлии, кои лесно се дразнат на тангите, разнобојноста на пердувите и подвезиците, па нивниот однос најчесто наликува на Педофилија!

No comments:

Post a Comment