Wednesday, June 16, 2010

ОТКРИТИЕ НА МЛАКАТА ВОДА

„Нова Македонија“во последно време не ги објавува моите коментари. Дали е случајно, или намерно, ќе осознаам подоцна! Верувам дека се работи за проблем со веб-администраторот, а не некаква зла намера! Сеедно, еве го мојот необјавен коментар на текстот од Рамбо лук-лајк Мирка, во „Нова Македонија“14.6.2010!
Светот и Сонцето се вртат исклучиво околу нас! Ние сме центарот на светот, иако таму, дури и не нè спомнуваат! А и која е потребата од спомен на пустелијата? Дури ниту во Грција, каде повремено и ќе излезе некое писание за нас! Но, затоа, кај нас се секојдневни натписите за Грците и нивниот наводен генетски вроден фашизам! Небаре, Македонците, во Граѓанската војна во Грција, беа единствените во единиците на ДАГ и ΕΛΑΣ, иако бројот им е далеку помал од оној кој званично е објавен во нашата“историја! Откривањето на Млаката вода, за некакви завери и гнасни планови, како и самата завера на СтароНовиот Светски Хаос, не е ништо ново, ниту чудо во светот !Тој е чудо само кај нас! Во Македонија Очигледна е Егоцентричноста на одредени пронаоѓачи“на ваквата вода! Интересно е што сето ова се разоткрива по триесетина и повеќе години живот во (лична) заблуда!(Бело)светските организации, одамна го тркалаат светот (не помалку од двесте години), но авторот, делува како некој кој се освестува од својот долгогодишен мамурлак! Сите овие работи се познати уште одамна! Се менуваат само актерите, иако некои се (или беа) постојани членови, покојниот Ањели, Кисинџер, Бжежински, Готлиб, Рокфелер, Ротшилд... Секако, тука е и неспомнатиот (случајно,  или намерно) Симеон II,ексбългарскиот цар (1943-’46) и нејзин експремиер, 21-иот на листата наследници на тронот на Закс-Кобург и Гота, во чие време повторно проработи Македонскиот Национален Институт“од Софија, добро познат по создавањето патриотически“организации во Македонија со мотото Съединението прави силата“… Глава на Куќата сега е Принцот Андреа, тој е во линија на наследниците на Британскиот трон и е правнук на Кралицата Викторија. Во Македонија, некако лесно се поведуваме по приказните за Царствата, па така си се прогласуваме за нивни директни наследници, иако, кај нив, многу добро се знае повеќевековната семејна лоза! Токму како и една новинарка, која деновиве ќе излесе со теории, слични на палеологот“ Иљов, дека изгубената цивилизација Му, заборавајќи ја Лемурија, е всушност Ма, со народот Кеи, недостасува само етимологијата на зборот Донија, што според неа веднаш ни дава право на потекло од НајАкалниот народ“, прогласувајќи го Akıl за чист македонски збор, кој Турците го превзеле од нас! Засега народите со големи ак’ли“живеат во сегашноста, градејќи ја и мислејќи на иднината! Никако не му робуваат на минатото, оптоварени со комплексите на своите водачи!

No comments:

Post a Comment