Wednesday, September 15, 2010

ЏЕКИЛ И(ЛИ) ХАЈД?!




Одредени новинари, очигледно е, водат кампања против кучињата-скитници!

Текстот кој деновиве се појави во „Утрински“ гласеше: “Внимавајте, агресивни кучиња напаѓаат на улица „Македонија“. Насловот слободно би можел да гласи: „Агресивни типови можат да ве нападнат на било која улица“!

Да, токму така! Денес може да се случи некој да ве застрела, само затоа што сте му го пресекле патот, или сте му кажале да не ги тепа кучињата со мотка или со камења. Може да добиете ќотек (во најлесен случај) за најмала ситница. Заблуда е дека во светските метрополи нема кучиња скитници! Но таму, нема да видите дечиња кои со стап бркаат кучиња, или мачки! Ниту такви кои убиваат, мачат и се изживуваат врз животните. Има дури и примери, каде дивите животни (ракуни, елени, верверици...) шетаат најслободно по улиците и влегуваат дури и во становите! Замислете што би им се случувало кај нас!

Однесувањето на уличните кучиња, најчесто зависи од односот на нас самите! Погледнете што ни се случува: Педофилија, Убиства, Силувања, Изнудувања... Дрогата, во учебниците, почнавме да ја дефинираме како „средство за особено задоволство“! Дали и за тоа ни се виновни кучињата-скитници, мачките-уличари, или ние се претвораме во нешто сосема неприродно: Џекил и(ли) Хајд?!

No comments:

Post a Comment