Wednesday, September 22, 2010

НОВО! АНКЕТА!




Хммм... Деновиве, откако напишав еден коментар во „Нова Македонија“, за „метастазата“, ми се втури еден од коментаторите со зборовите: „Загрижува една друга работа кај овој опозициски коментатор (инаку го среќавам во Утрински) што ноторни вистини ги подведува во пресметка на власта со одредени структури. Ова го прави со опозициски акцент.“!? Значи, ем му смета мојата појава во „Утрински“, ем што сум се дрзнал да пишувам во „опозициската“ Нова Македонија. Ова ми роди идеја за анкета!
Она што беше најинтересно, по овој среќен проглас, следуваше канонада на испровоцирани владини коментатори, задскриени зад паролата „обични граѓани“. Проблемот е што, очигледно е, штотуку почнале да ги посетуваат „дисперзираните факултети“ и „вечерни“ високи школи! Започнаа со канонада од навреди во стилот: мајмун, ајван, фекалуреее (што ли му е тоа?! најверојатно неписмениов мислел на feces), креатура... но, никако да погодат... па, мојата слика во профилот говори сè! Се сеќавате? Тоа е мојата слика од е-биометрискиот е-пасош! А и најубава е!

Муабетов ми беше... Предизвикан од ваквите коментари, во кои беше искажана сета портокалово-владина примитивност, излезе дека кај нас на власт е опозицијата, а власта, маки мачи да ја освои власта! Иста изјава имаше деновиве и од Шерифот McLaboud, знаете, баткана, кому му ги зеле лубениците од под мишка, па шета ли, шета! А и коЈНот го изгубил некаде!

Така дојдов до една идеја, која можеби ќе ви стане интересна: Анкета! Всушност, се работи за игра, забава! Да! Доста бевме сериозни! Ајде... Се обидувам да ви изнудам насмевка! Што би кажала мојата другарка Луда Мара: „Смеењето е здравје!“!

Се работи за гласање на прашањето: Кога портоколадните ќе дојдат (најпосле) на власт? Е сега, да, варијантата поставена во анкетниот лист (види лево од блогот, под секцијата „Ги читам“) е малку поинаква, само се работи за проблеми со малиот простор! Суштината на играва е што под овој текст ќе има редица можни одговори! Вашата задача е да додавате, што е можно повеќе идеи за можни одговори, преку вашите коментари!Да! Анкетата ќе биде проширувана и надоградувана, токму како и нивните 100 стапки! Ве молам, бидете Креативни! Така можеби ќе дојдеме до решение на задачата: Што е тоа што и’ пречи на власта, да си го оствари својот сон? Што мислите, Кога ќе остварат?

Награда?! Па ете, награда нека ви биде тоа што некому ќе му изнудите насмевка, онака - За Здравје и Среќа! Ако сакате повеќе и од тоа, повелете, обратете се до Бладата!

3,2,1.... почнувам:

  • Им недостасуваат само уште неколку чекори и....
  • За уште 100 чекори, па...
  • Ни за 100 години
  • Можеби за 100 години, ама светлосни
  • Кога ќе им заврши „барокот“
  • Кога ќе си ги преполнат џебовите
  • Кога ќе и’ купат на „Мама“ уште 4 станчиња (гревчиња)
  • Кога ќе си купат уште толку Џипови и Палати
  • Никогаш, а можеби ни тогаш
  • Можеби, ако почнат да градат како во палеозоик 
  • .... Од тука продолжувате вие!

No comments:

Post a Comment