Thursday, September 23, 2010

МКРТВ - КАКВА БЕДА Е ТОА?





Во написот во „Нова Македонија“ авторот фрла поглед на проблематиката за и околу Јавното Претпријатие Македонска Радиотелевизија, и околу проблемот со наплатата на Радиодифузната такса. Констатациите, изнесени во текстот, за хаотичната состојба во МКРТВ се сосема на место!
Во моментов во неа има сè и сешто, само не Квалитет! Тој беше растурен во изминативе години, во моментот, кога почнаа да ги менуваат Лентите на „Дневник“ според Партиска припадност! Не сте приметиле досега?! Кога е СДСМ на власт, лентата за потписи на „Дневникот“ е сина - со ВМРО, се менува во црвена, црвено-портокалова! И друго?! Ништо! Сето останато, (не)квалитетот на програмата и прикажаните вести, режијата, емисииите, јавашлукот и несредените меѓучовечки односи, мизеријата... си остануваат исти! Сè зависи од таа Лента!

Не постојат тие пари кои ќе ја оправат бедотијата наречена МКРТВ! Може некој слободно да потроши и стотици милијарди евра на неа, но, како и за проектот „Барок 2014“, резултатите ќе бидат исти - Кич до немајкаде! Невозможно е од вратар, или од наплатувач, да создадете камерман, од дактилографка да создадете графички дизајнер, да создадете режисер од човек со четврто одделение основно, од најавувачка на програмата - пејачка, ниту новинар од човек кој едвај завршил средно образование! Невозможно е и од шофер, да создадете политичар! Тоа се докажа и во „социјализмот“! Згора на сè, поради лесно остварениот напредок во професијата, воопшто и не се обидуваат да научат нешто повеќе од клишето на работење! Не е сè до парите! Може слободно да вложат и во техника, и во опремување на студијата. Резултатот ќе е ист - Мизерија! Повторно ќе имаме залудно потрошена инвестиција!

*текстот потекнува од моите коментари во „Нова Македонија“, но е прилагоден за блогот!

No comments:

Post a Comment