Monday, September 6, 2010

„РЕВОЛУЦИОНЕРОТ“ МИРКА



Небулозите на Мирка продолжуваат! Од текстов произлегуваат неколку значајни заблуди! Главен и одговорен креатор на јавното мислење и на политичката сцена во РМ, да ни бил: Соросоидниот Институт!? Личност со најголемо влијание на политичката фолклорна надградба (и предавничко-непријателска идеја), да ни бил, никој друг, туку Милчин himself! Впрочем, со нас владее Институтот Отворено“ општество!


Тоа никако не се владеачката најмакедонска“ и најпатриотска“ (од сите можни) партија, со нивните носители на најзначајните функции! Тоа не се ниту претседателот, ниту премиерот! Всушност, опозицијата била таа која раководи со државата! Чиста рецидивна поделба на гревчиња - немоќни (но Огромни) патриоти од позиција на власт и силна предавнички - семоќна опозиција, која секогаш ни ја мати водата! 

Од самите шкрабаници Извира уште една горка заблуда која се простира пред народот - Величината на минорното Македонско раководство, затскриено зад маглата од квазиинтелектуален примитивен патриотизам, чија големина е поголема и од таа на Че и од Патрис Лумумба… Двигатели на замислена народна (културна) револуција, совршени непогрешливи генији, водачи кон просперитетот, кон светлата иднина! 

Не можам да се оттргнам од впечатокот за огромното количество лигава трага, оставена зад полжавот“! Количество, во кое, кога не би било илузија, авторот би се удавил! Внимавајте, дури и се инсценира и некаков обид за ликвидација со цел зголемување на значењето на минорните, и тоа - во рамки кои надалеку ги надминуваат македонските антички граници! Политичката и не е толку проблематична, но физичката замислена ликвидација, ги зголемува акциите на жртвеникот патеник“, кому ете, и покрај апсолутната моќ, му е ускратена можноста да ја поведе нацијата (во која е вљубен до уши) напред - кон поубавото утре! Ги надмина и Пастирот“ и Томиќ заедно! Сè, само заради „предавничката“ опозиција! Ех, кога тие би биле толку добри, па да размислуваат како и Големиот“ визионер! Ех, кога би размислувале сите како пастирот“! Тогаш, најслободно, повторно би се вратиле на стариот општоприфатен лигав израз: Како што рече нашиот голем водач…“, што најмногу би одговарал на полжавите!

(Цензуриран текст од „Нова Македонија“,27.8.2010. Јас не гледам причина да не го објават, бидејќи не ги прекршува правилата на весникот: ниту навредува, ниту повикува на омраза, но ете, администраторот не го објави. Уште поинтересно е што неколку дена по овој текст се огласи централата на ВМРО, тврдејќи дека Милчин и (не)пријателите од странство, му спремале политичка, па дури и физичка ликвидација на „нашиот“ „херој“.)

No comments:

Post a Comment