Thursday, October 28, 2010

ПРОСЕЧЕН РАМБОИД




Рамбо,или Мирка?РамбоМирк!
Уште еден мој текст е цензуриран од „Нова Македонија“. Овој пат, оправдувањето не е дека мојот коментар е задоцнет, ниту се работи за ненамерна грешка на администраторот.


Зошто ли, зошто... знаев, уште на почетокот од текстов дека се работи за текст испишан од Мирка?! Да! Верувам дека премногу лесно се давани универзитетски дипломи! Тоа е видливо по Барокниот „ренесансен“ препород, по монументалните лековити Кичфигурини, по „реформите“ во судството, во образованието и здравството, по разните тези за „нашата“антика и за постанокот на амебите! Кој за што, таа повторно во одбрана на „Владетелот“ и за Грција! Не знам само дали се работи за намерна, или за случајна апотеоза на власта? Дури и Универзитетот во Атина според неа бил тапа, исто како и нашиов! Но, затоа на „светската“ Топ-листа ги нашла новокомпонираните: Штипскиот „Гоце Делчев“, „ФОН“ и веќе непостоечкиот „Њујорк Колеџ“, каде што дипломите и титулите можете да си ги купите далеку полесно од оние на државниот Универзитет! Доволно е само да имате пари, а сето останато ќе си дојде! Ех, Мирке, ако е и од тебе, повторно е никакво!

No comments:

Post a Comment