Wednesday, February 16, 2011

ЗА КАЛЕТО, ЦРКВИТЕ, ЏАМИИТЕ...



Европа по смртта
на Карло Велики, 814
„(Од 1081-88 и пак во 1097г.) Скопје го држат Норманите (Викинзите), кои предходно ја завзеле византиската Јужна Италија, од каде се шират на Балкан. Така, Генералот Пунтесиј со 200  оклопници ги зазел најпрво градовите во денешна Јужна Албанија и преку Охрид и Полог стигна во Скопје, кое го држеле од 1081 до 1088 година. Норманите биле познати како производители на многу квалитетно оружје од добар челик.“! 

Ајде да ги повикаме и Викинзите да си го земат и тие својот дел!...


Постои една заблуда околу Албанците кои тврдат дека се потомци на Илирите! Во книгата Historia, Corpus Scriptorum Historiæ Byzantinæ од Михаил Аталјота (византиски висок државен службеник и историчар кој ги запишувал збиднувањата во Византија во период од 1034 до 1078 година) точно е наведен патот на населувањето на Албанците на овие простори во 1043 година. Објаснето е и како и зошто се населени тука! Она што ме изненади е што постои уште една ваква книга (не можам да се сетам на авторот) која се чува во библиотеката во Ереван. Книгата се вика Албанско Заткавкаско царство“ (излегуваше и фељтон во Нова Македонија“, кон крајот на ’80-тите со истиот наслов) во која се тврди сосема истото. Патот на нивното населување на овие простори е потполно идентичен со оној во претходната наведена книга! Она што го потврдува истово е и карта Европа по смрта на Карло Велики 814 година“ од Longmans. Green & Co.“, издадена во 1894 во која јасно се гледа топонимот Albania“ е сместен во пределот на денешна Чеченија, поточно просторот на Азербејџан и Дагестан! Знаете што е најчудно во овие писанија? Тоа што, и во двете книги, како главен „виновник“ за нивното доселување на овие простори се посочуваат Србите!? Ах! Повторно „српско масло“!

Всушност причината е во побуната на византискиот заповедник на Сицилија, Ѓорѓија „Манијак“ кој се побунил против царот, заради состојбата во неа, по поразите што таа ги претрпела од српскиот цар Војислав. Во 1043, „Манијак“ го прешол морето и од Сицилија, со својата војска во која имало и немал број Албанци, како помошни чети, се упатил во Драч во намера да војува со Византискиот цар. Манијак повел со себе помал број Албанци. Поголемиот дел останале на Сицилија и во Јужна Италија, каде, со тек на времето се итализирани и покрстени, а кај нив денес е задржано само сеќавањето на нивното потекло. По поразот на војските на Манијак кај Дојранско Езеро и по неговото загинување, војската се предала и таа прешла во редовите на византиската, но странците (Албанците) не ги примиле. Тие, останале како бродоломници, немало кој да ги врати назад. Ги замолиле Србите и тие им дозволиле да се населат во ритскиот предел кај Рабан, североисточно од Елбасан, во подножјето на планината Јабланица. Оттаму и називот Арабани, Арбанаси!

Црна гора Скопска ся назива така, после като турчино усвои Болгария, Тракия, Македония, Сербия, всичка приморска Илирия и като пекски србски патриарх Арсений IV Йоанович Шакабент воздигна народо славянски и арнаутски от Велес, Прилеп, Скопе, Кратова, Тетова, Призрен, Ипек, Диякова и побегна с тако до 35 хиляди семейства, а други казуват до 80 000 и ся пресели в Срем и гдето с патриархо ся вселиха на л. 1737. Овия семейства са били вси благородни и богати люди.

В това време Скопе останало пусто, без славяни, и не е имало кой да ора и да сее землята. Но некой разумний Синан паша, кой добро ся е носил с християните, мука му е било Скопе да е без славяни, от кои всичка земля се е работила. Сам Синан паша скопски отишел в Црна гора приморска, в село Куч с голема молба и с обещания мирни и царски фермани — щом да си бидят слободии и земля колку що искале бадиява им дал да дойдат во Скопе да живат. И тако кучевляни су дошли в Скопе и нарекли я тая гора Црна гора Скопска, а обичаите, мужеството, досетливостта и верата тая им е, коя им е била в приморска Црна гора. Жените им са чудесни, а мужите още по-чудесни и прекрасни, за кои овде не е сегашно време да ги исписвам физиономически.“.

Вака ја пишува својата приказна Ј.Хаџи Константинов Џинот (Йордан х. Константинов, Болгарский чинов, Философ Скопский наш Тредяковский…) во своите Скопски доказателства“, печатени во „Цариградски вестник”, бр.211 од 15 февруари 1855 г.! За оние кои не ја разбрале, во неа се раскажува за заминувањето на 35.000 семејства пребегани во срем под водство на Арсение IV Јовановиќ Шакабента. Скопје останало пусто, без Словени, вели тој, па на будалиот“ Синан Паша кој добро живеел со христијаните, му станало мака да живее во Скопје без Славјани! Тој отишол во Црна Гора (приморска“) во мир и со царски ферман, ветувајќи им на луѓето кои сакаат да дојдат во Скопје, дека ќе бидат слободни и дека ќе добијат бадијала земја за да живеат! Гората која ја населиле ја нарекле Црна Гора Скопска! Во примеров е наведено селото Куч (Црна Гора) кои го населиле денешно Кучевиште (Кучевљани)! Кутрите тие, денес се навредени, ако им спомнете дека се Кучевјани, па се прекрстија во Куќевјани, а селото во Куќевиште! Жално, нели! Еве, уште еден податок Арсение IV Јовановиќ Шакабента бил по род од Бањани (звучи познато, нели!?)! Не! Не е од селото во скопската околија, туку од Старото Херцеговско племе Бањани! Ј. Х. Константинов, потоа прецизно ги наведува селата: Црешово, Булачани. Раштак, Љуботин (можеби денешното Љуботен), Љубанци, Радишани, Јаз’рци (не успеав да го најдам, но тој опишува дека „тамо Пан с шупелка разговаря все дебрини“), Бродец, Побожје, Кучевиште (оно е най-прво и най-богато село), Мирковци, Бразда, Глухово, Бањани, Горјани, Блатце (Блаце), Чучер, Орман, Вучи дол (мислам дека тоа е денешното Волково), Кучково, Ново Село, Б’рдовци (Бардовци), Старо Скопје (па додава — „нарицаемое Злокукяни“ во превод: Злокуќани), Сарај, Влае, Оризари (и случајно“ додава Сараевско), Висбегово ((Визбегово), Шуто Оризари, Горно Оризари („с една церков и древности с хиляди... Горе от Лепенец колко три часови е крепостта (калето), на князя Лутица Богдана, в кое турци седат.“)…

Ајде сега да ве видам, познавате ли големи Македонци“ од овие краишта?! Јас дузина и сите тврдат дека „најголемите македонски патриоти се само Бугарите и ВМРО“! Колкумина познавате вие?

Познавате ли такви „големи Илири“ од овие краишта, кои, се потепаа со претходниве да ни го докажат нивното потекло од Ѓерѓ Кастриот, или од бесплодниот Александар? Купишта! Сè сами дијадоси! Јунаци со „царско потекло“! Такви има многу!

Сеедно! Не ми е поентата да исправам криви Дрини“, или пак, некому да му го оспорувам правото на живеење на овие простори. Ниту, пак, да докажувам нечие право на културно наследство, затоа што дури и десетина години (па и помалку, ако некој овде создал семејство) се сосема доволни тој некој да полага право да живее тука, заедно со останатите.  Зошто да не, ако ги почитува законите на државата во која живее! Целта ми е да посочам на измешаноста на овие простори! Па тука изминале секакви војски, просторов го населувале секакви народи (Турци, Грци, Власи, Саси, Кумани, Нормани, Австријци, Унгарци, Хазари, Ермени, Евреи... што уште не) и сите оставиле некаква трага на овие простори, па сосема надвор од умот е расправата, околу некакво наследството“, или право“ на споменик, црква, џамија… особено, желбата да живееме во минатото!


Всушност, токму оваа измешаност и разноликост на култури е нашето богатство! Тоа е она што ги разубавува овие простори! За жал, примитивниот ум никогаш не може да го осознае тоа!

No comments:

Post a Comment