Историјата од ’45 е пишувана во посебен стил. Избришани се цели делови, за да се „исправат“! Но, токму поради преводот на делата на македонски, сомнителни се писанијата на наведените научници! Сè уште сме склони секое „од Македонија“ да го замениме со Македонец! Великиот Александар „освојувач на Светот“ и неговите претци носеле грчки, а не македонски имиња, пишувале на грчки и ја ширеле токму елинската култура! Варвари, не им е срам! Каков блесав освојувач - наместо своја, ширел туѓа идеја, или можеби, токму ние, во тоа време, сме биле на повисок степен на културен развој отколку сега! Чуден владетел, зарем не?
Monday, December 27, 2010
Friday, December 24, 2010
СРЕДБА
„Јас, знаеш, точно е... ме избркаа од гимназијата, но не поради незнаење, туку, поради многу зборење! Веднаш потоа, во новото (занаетчиско) училиште влегов и во Сојузот на комунисти...“ - говореше неговиот познаник од детството, со кого заедно учеа во основно училиште! Се сретнаа, сосема случајно, по цели триесетина и нешто години од тогаш! Уфирцан во одело, а тој и понатаму лежерно облечен, говореа за минатото, за нивните животи! Тој, вработен во јавно претпријатие, партиски определен, но „мува нешто“ и приватно (имал фирма), сега станал дури и шеф... факултетот никогаш не го завршил, но не му ни требал, тој бил попаметен од сите тие...
Labels:
влада,
вмро-дпмне,
македонци,
менталитет,
преродба,
споменици
Monday, December 13, 2010
УТРЕ Е ПРЕДОЦНА!
Народот, има легитимно право да бара смена на легално избрана власт која го прелажала и се заборавила во своето владеење! Надмени, самобендисани, апсолутни шампиони во аматеризам, со приземно и површно знаење од секоја област (претставено како научен зенит), без идентитет, без скрупули, со огромен малограѓански невкус... Тие се мали умислени богови кои себеси се поставуваат над законите, корумпирани борци против корупцијата, грабливци-лешинари кои се борат против криминалот... Тоа се само дел од карактеристиките кои ги поседува оваа власт!
Thursday, December 9, 2010
ГОРД СРАМ
Еве ви споменици, водоскоци! Еве ви и панорамски тркала! Дури и жичарница ќе ви градиме! Па каков народ сте вие? Не сакате ниту славно минато! Од ништо не сте задоволни! Од ништо сити! Предавници! Не ви требаат плати - ви треба освестување, осознавање! Сознание за вашата гордост и големина! Па, вие не сте ниту доволно Македонци! Само нешто мрчите! Не сте ни големи ни моќни колку нас! Ние сме антика! Ееееј, потомци на Александар! Дијадоси! Не ви требаат лекови, ви дадовме споменици...
Tuesday, November 30, 2010
ГРУШИТЕЛИ!
Готово е! Започнува преродбата! Преродба која треба да го заборави минатото и да нè упати кон моќната иднина! Дали е навистина така? Изгледа дека преродбата успева само во едното: да го преправи минатото, во облик благопријатен за Шерифот! Да го избрише постоењето на сè што било пред тоа, пред 2006! Тогаш, во периодот пред нивното доаѓање на власт, немало ништо! Сè било лошо, грдо, нездраво, без мозок, затворено, без вера, без култура...без „нашиот“ барок!
Monday, November 29, 2010
А1 - ВИРТУЕЛНИТЕ СЛОБОДИ И ПРАВА
Да! Повикот на бунт во Македонија е забранет! Но, нешто не е во ред со народот кој молчи при силување! Нешто не е во ред со народ кому цели 20 години, разни политичари, му ветуваат влез во светла иднина, а таа никако да му осамне!
Saturday, November 27, 2010
МАЈКИ - МИЛЧО МАНЧЕВСКИ
Трогнат сум до коска! До бол! Погоден право во срцето, во душата! Филмот, од самиот негов почеток, па сè до крајот, ме остави без здив! Остава силен впечаток со својата преубава порака, уште од самиот негов почеток, со кадри и приказна својствена за врвен уметнички ум. Гледањето на неговиот филм е прекрасно доживување, едно цело ново искуство! Секој кадар е влезен на своето место, осмислен е до бескрај. Водена е сметка за композицијата во целосен спој со динамиката на кадрите! Прекрасен филм со исклучителна фотографија. Посебен фил на целиот филм дава длабочината на сказната и нејзината порака. Филмот говори од секоја негова пора! Секоја негова секунда е преполна со длабоки чувства!
Subscribe to:
Posts (Atom)







