![]() |
„Филип II“ и „Олимпија“ на Плоштад „Карпошово востание“?! |
Деновиве, пропагандната машинерија на владетелот,
испровоцирана од пишувањата на еден наш универзитетски професор, дека „Скопје
2014“ треба да се растури со употреба на француски клуч, повторно манипулира со
јавното мнение, прикажувајќи ни ги кичфигурините и псеудобарокниот кичерај како
високовредна уметност. Во светот има порцелански фигурини (пониски од 14,5 cm)
кои во себе содржат поголеми уметнички вредности од псеудоуметничките
достигнувања на „скопската“ инсенија (насилно наметната квазиуметност од полуписмени
и не(д)ообразовани политичари).