Wednesday, November 26, 2014

ЕКСТЕРЕН ДРЖАВЕН ИСПИТ

Описменувањето
по Втората светска војна


За жал, за разлика од плакнењето мозоци... фреските, де... бунтот на студентите остана незабележан во пропагандната владина машинерија. Обидот протестот да се затрупа и да се стави под тепих не беше успешен, па најпосле студентската реч оддекна онака како што им доликува на интелектуалци.



„Молчи, и ште си спасиш душата“, „трпи“, „глеј се себеди, остај другите“... се најчестите родителски совети во Македонија. Жално е што на протестите не се појавија студентите од приватните и дисперзираните универзитети. Протестот беше најмногу во нивен интерес и таму е најсомнително стекнатото знаење! Токму таму се врши најголемата распродажба на интелектуалниот труд! Дел од тие универзитети се отворени токму за да може нечие мамино-татино да се стекне со диплома од високо образование, бидејќи нема нормален човек во светов кој би им дал диплома. Во меѓувреме, во министерската фотелја се сместил сурат кој се фали дека станал „бурсист“ на Германска служба за академска размена, нарекувајќи ја „фондација за меѓународна соработка“!

Според министерот за образование, тој дипломирал во Тирана, па станал магистер во Приштина анализирајќи го пепелот во ТЕЦ „Осломеј“, па станал „бурсист“ (што всушност е албански збор за „бурш“, преведен на македонска кирилица на официјалниот владин сајт на Министерството за образование, исто како „Конгресит и манастирит“) на „Германска Фондација за Меѓународна Соработка“ (всушност Германска служба за академска размена), студентските протести биле организирани од друг политички субјект. Ова стана ординарна политичка флоскула која се употребува секогаш и секаде за да се оцрни секој бунт, секое делување во корист на општеството, а против глупостите на власта. Вели, не била „утврдена“ идејата за екстерно оценување. Според него, власта прво треба да ја озакони ваквата лудост, па дури потоа некој да протестира. Вели, имало барање за негова оставка!? Па зарем студентите не може да повикаат на смена на (не)одговорниот министер кој се однесува арогантно и одбива да ги прими, и тоа за толку сериозно прашање кое се однесува на нивната и на иднината на земјата?! Патем, токму дисперзираните факултети и приватните универзитети се причина за сомнежот во стекнатите знаења!

Во меѓувреме се огласи политички аналитичар од Тирана, кој дословно вели: „Господине Ахмети, дипломата на Адеми не само што е фалсификувана, туку е и лошо фалсификувана.“ (линк до „Либертас“ и оригиналниот текст од писмото во „Љајм“)

Сосема нов фактор во играта „екстерно оценување“ внесе со изјавата премиерот: „екстерното ќе важи за новите студенти, а не за тие што сега студираат“. Така на сцена настапува молкот, тивко гушење на студентскиот „бунт“. На ваков начин и тие се претвораат во сеирџии, бидејќи законот се однесува на идните студенти кои сега се средношколци, а тие кутрите веќе се навикнаа на екстерните глупости. Еве го мојот предлог: премиерот, министрите, претседателот на државата, народните платеници и претседателот на Собранието задолжително да полагаат најпрвин екстерен испит за проверка на нивната писменост, па дури потоа за нивното знаење. Така веќе нема да ни се случува со земјава да раководат луѓе кои не прават разлика меѓу алтруист и авантурист, кои не знаат дека „не знам“ се пишува раздвоено, луѓе за кои разумниот компромис е разумен компромис, такви кои јаделе чИколати, разноразни умислени Кока Коли и црнци… Дури потоа ќе може да бараат од другите да полагаат „екстерно“ заради нивните пропаднати експериментални „реформи“ во образованието.

Најновиот спин е дека тие воопшто не рекле дека се работи за „екстерни испити“, туку дека тоа ќе биде „државен испит“... „кој ќе биде лесен“... Дури и прашањата однапред ќе ги знаеле. Види ти ова! Па, која е потребата тогаш од проверка на знаењата?!

Најпрвин спроведоа акција „Факултет во секое село“ под мотото дисперзирани студии, па акција „Земи си диплома“ за оние кои цел живот не успеале со години да завршат. Потоа дури и Урко магистрираше, а Латас докторираше… па сега ќе се сомневаат во знаењето на другите. Најправедно би било кога најпрвин тие, новопечените дипломци, магистри и доктори на науки (со членска книшка) би полагале екстерен државен испит, па дури потоа да го бараат истото од другите! Патем, сè уште не знам дали пастирот научи колку се 363 + 208? (линк) „Седумсто“, одговара тој весело! (*инаку, човекот е магистер по економија, па пресметката би требало да му оди како од шега!)

Велат, имало опозиционери меѓу студентите, па оттаму извлекуваат заклучок дека бунтот е дело на опозицијата. Па, зарем е забрането некој да им даде поддршка?! Секој кој се бунтува и размислува поинаку од пастирот е опозиционер и противник?! Според власта: „штом не мислиш како нас, против нас си“… Би било добро кога барем би мислеле, па малку и ние „глупавите“ и „неразбраните“ да се залажеме!

No comments:

Post a Comment