Wednesday, November 12, 2014

МЕСЕЧИНАТА – ЗАФАТЕНО!

Византиска монета


 „На Месечината постојат вонземни сили кои се значајно помоќни отколку што можеме да претпоставиме, но јас не смеам да зборувам за детали“ - Вернер фон Браун, изјава дадена набргу после откажување на програмата за истражување на месечината! .


 „Не можам да навлегувам во детаљи, само ќе кажам дека нивните бродови се знатно посупериорни од нашите и по големина и во технологија... И се заканувачки. Не, не станува збор за вселенски станици! Ни ставија до знаење дека местото е зафатено!“ - Нил Армстронг



 Секако, мојот текст може да ви е чуден и да ме прогласите за луд, но авторот на овој текст беше сведок на една чудна појава над Скопје. Во септември 1997, рано изутрината, чудно летало се појави над градот. Наликуваше повеќе на некаква чудна аморфна маса која без прекин ротира менувајќи ги боите, без некакви додатоци од страните. Извесен период лебдеше сенишно, потоа најпрвин нагло се задвижи странично на лево, па повторно на десно, а потоа под агол од 90 степени најпрвин се оддалечи од мене и потоа наеднаш исчезна со неверојатна огромна брзина. Како да беше протнато низ некаква дупка, едноставно испари, го снема.


 Човекот, изгледа отсекогаш сонувал да ѕирне во Месечината. Како да не му се роди таа желба и да не сонува да стапне на него кога тој по убавина единствен сиво-плав објект е најголемото небесно тело кое се појавува секоја вечер на небото, често и дење, предизвикувајќи го и повикувајќи го? Мечтаел уште од праисторијата да стапне на неговата површина, ги замислувал неговите жители, плетел приказни за неговата волшебна светлина.

 Во 1865 година, Жил Верн го објавува своето дело „Од земјата кон месечината“ („Пат на месечината“) во кое изнесува неверојатни податоци од кои дел се обистинуваат еден век подоцна. Во него патниците на Месечината се лансирани од голем топ сместен во голема дупка во земјата, предвидува машина пречистувач на воздухот со помош на калиум хлорат и каустична сода. Во својата основа алуминиумската ракета со која летаат има форма на куршум, што не е далеку од изгледот на денешните ракети. Во леталото се тројца патници, вообичаен број на сите „Аполо“ мисии. Сонот, почнува да се остварува.

 Во Потсдам 1945, Сталин ги запрепастува раководителите на земјите победнички со својата изјава во која им предлага поделба на територијата на Месечината. Бара од нив да потпишат спогодба за нејзина поделба во која ќе се прифати несомнениот престиж на СССР во таа област. „Мислите на поделбата на Германија?!“, запрашал Труман убеден дека слабо слушнал и дека погрешно му го превеле барањето на Сталин. „За Месечината говорам, за Германија веќе се договоривме“, му одговорил Сталин мирно повлекувајќи дим од своето препознатливо луле. Американските политички аналитичари тогаш мислеле дека ова е уште еден блеф на „Чичко Џо“, но веќе половина година подоцна на истата тема се појавува наредба на владата на СССР за формирање на неколку научно-технички институти со цел изработка на вселенско летало. Започнува трката за вселената!

 Веќе во пролет 1946 раководството на САД ја одредува главната поствоена задача на земјата: лансирање вештачки земјен сателит. Во тоа време Сталин веќе ја замислува Месечината како воен лансирен комплекс со командни места околу месечевата орбита, со бункери за атомско војување од нејзината површина, далеку од потенцијалниот непријател. Неколку години подоцна претседателот Ајзенхауер им ветува на граѓаните на САД дека до крајот на 1957 ќе започнат со лансирање беспилотни вселенски летала. Советскиот Сојуз не ветува никому ништо, тој на 4 октомври 1957 просто го лансира првото вселенско летало (Спутник-1) во земјината орбита и ги испраќаат првите радиосигнали од таму. На 3 ноември истата година, уличното куче Лајка умира по пет-шест часови од стрес и топлина поради квар во внатрешноста на леталото, таа е првото живо суштество во вселената. Како одговор, во САД се раѓа тајниот умоболен проект под шифра „А-119“ со задача први да стигнат на месечината и таму да извршат нуклеарна експлозија со која ќе разнесат еден нејзин дел. Планот е заслепувачката светлина од експлозијата извршена врз површината на засенетиот дел од Месечината да остави силна импресија врз жителите на Земјата, особено врз жителите на СССР, за да се види нивната сила и надмоќ.

 Но и тука не успеваат, веќе 1959 година на 13 септември, првото Советско вселенско летало се спушта на Месечината и ги остава на нејзината површина првите метални сферни заставички со грбот на СССР на кои е испишано: „сентябрь 1959-Союз Советских Социалистических Республик"! Два дена подоцна претседателот на Советот на министри на СССР, Леонид Хрушчов, му поклонува копија од сферните знаменца (доставени на Месечината со Луна-2) на претседателот на САД Двајт Ајзенхауер. Секако, тајмингот на средбата е намерно испланиран. Наредниот месец Русите ги испраќаат и првите фотографии од нејзината далечна страна. Веќе по две години првиот човек полетува во вселената, повторно тоа е Рус. Во мај истата година советско летало минува крај Венера. Започнува освојувањето на Месечината. Џон Кенеди ја поставува Месечевата програма како национална задача и предвидува дека првиот човек ќе слета на неа до крајот на ’60-тите. Во таа чест ќе потрошат дотогаш незамисливи 25 милијарди долари. Во август 1964 Хрушчов му наредува на Корољев по секоја цена да ги престигне Американците. За таа намена Советите градат џиновска ракета чии пробни летови се најавени за во февруари 1969. Експлозија го руши лансирниот комплекс на руската ракета Н-1. „Можевме да полетаме половина година пред Американците“, ќе изјави подоцна Леонов, првиот човек кој излезе на прошетка во вселената. Во меѓувреме, Американците на 21 јули 1969 зачекоруваат на Месечината во „Аполо-11“. Веќе две години подоцна советските вештачки сателити („Марс 2“ и „Марс-3“) слетуваат на Марс. До 1972 дванаесет Американски космонаути ќе борават на Месечината.

 Аномалиите на Месечината се одамна добро познати. Набљудувани се безброј извештаи за неверојатно чудни појави, особено оние за појава на статични светлини и за такви кои ја прелетуваат нејзината површина, кружни и праволиниски силни одблесоци кои осветлуваат кратери, често истовремено на повеќе места, се појавуваат и нагло исчезнуваат, ја менуваат својата јачина, боја... Не станува збор за аномалија на оптичките апарати. Дури и нашите дамнешни претци ги воочиле овие појави, исцртувајќи ги како слики и симболи. На нив најчесто се наоѓа полумесечина со сјајна ѕвезда (светлина) во средината. Долго време мислев дека тоа е симбол карактеристичен исклучиво на исламот, но овој симбол е стар најмалку две илјади години. Има и појава на необјасниви облаци пареа и чад, бели и црвени, кои излегуваат од кратерите кои никако не можат да се објаснат бидејќи на неа нема вулканска активност. Во најново време се забележени и правилни геометриски форми во кратерите, јами со страни под прав агол, облици во форма на фортификациски објекти, руини кои потсетуваат на стари разрушени градови, зигурати и пирамиди, цевки налик на топови, мостови, воочени се десетици проѕирни стаклести градби, кратери кои ги снемува, џиновски куполи, бројни објекти кои наликуваат на вселенски бродови, разни прецизно изработени форми кои потсетуваат на вештачки обработени производи и на чудни машини изработени од интелегентни суштества, дури и чести потврди за неидентификувани летала кои јасно се воочуваат, траги од објекти кои очигледно се движеле по месечевата површина... Постои снимка од Баз Олдрин снимена на 16 милиметарска лента во боја на која се гледаат два неидентификувани летечки објекти. Најпрвин се доближуваат, потоа едниот оди угоре, а другиот надолу. Интересно е што ваквите појави се воочени, фотографирани и документирани не само од НАСА, туку и од руски, индиски и кинески вселенски опсерватории и летала. Нивната официјална потврда секогаш изостанува, но признаваат дека се воочувани некакви необјасниви објекти. Сепак, сè побројни се сведоштвата за интервенции во фотографиите, на видеоснимките и нивно ретуширање. Ова го признаваат и самите вработени во фотолабораториите во НАСА.

 Познато е дека пешачењето по површината на Месечината заврши со „Аполо-17“. Се говори дека веќе спремните мисии на „Аполо-18“, „Аполо-19“ и „Аполо-20“ на кои се фрлени огромни суми пари, се откажани. Тука настанува главниот сомнеж. После толку големи издатоци за овие ракети, САД наеднаш објавуваат дека немаат веќе пари за патување до Месечината и дека затоа ги откажуваат летовите!? Патем, летовите не чинат многу повеќе од цената на еден бомбардер. Што е тогаш вистинската причина за наглото спласнување на интересот за Месечината? Тоа што таму нема ништо, освен некаква прашина, или нешто сосема друго? Нешто, или некој ги избрка Земјаните од таму, но што! Службеното објаснување, при готови проекти за кои се фрлени милијарди долари е малку веројатно. Постојат научни докази кои говорат дека на Месечината се наоѓаат огромни количества на He3, хелиум, високо ефективно гориво кое е одлично за нуклеарни реактори, што е уште една причина повеќе за продолжување на веќе испланираните мисии.


 Тоа е официјалната приказна, но постои и неофицијалната со видеоснимки на заедничка американско-советска „Аполо-20“ мисија, кои никој не може да ги побие, а на кои се гледа целта на истражувањето – чудно вонземјанско вселенско летало кое се урнало таму, на месечевата површина, и од кое се извадени мумифицирани (или криопрезервирани) остатоци на човеколики суштества со јасно прикажани детали и чудни цевколики справи поставени на нивните лица. Плод на нечија инвентивна фантазија, или незамислива реалност?…


  На 21 март 1996 година, научниците за прв пат даваат изјава: „Постојат озбилни и основани докази дека на Месечината постојат туѓи вештачки градби и структури“. На прашањето зошто оваа информација не е објавена и порано, од НАСА одговараат дека пред 20 години било многу тешко да се предвиди како ќе реагираат луѓето на изјавата дека на Месечината некој постоел, или дека постои и денес. Нè избркаа ли од Месечината? Очигледно дека местото таму е одамна резервирано.


― Баз Олдрин и Нил Армстронг: Тоа се џиновски објекти! Не, не, не... Ова не е оптичка илузија! Никој нема да верува во вакво нешто... 
 ― Хјустон: „Што...Што...Што? Што се случува по ѓаволите? Што не е во ред со вас?
― Астронаутите: „Тие се тука, на површината“ 
― Хјустон контрола: „Што е таму? Имаме прекин во врските...контролата го повикува Аполо 11“ 
― Астронаутите: „Видовме некои посетители. Беа тука за кратко и ги набљудуваа инструментите!“ 
―Хјустон: „Повторете ја вашата последна информација...“
― Астронаутите: „Реков дека има други вселенски бродови! Се наредија од другата страна на кратерот“...

https://www.youtube.com/watch?v=g01XfIDT_bE

No comments:

Post a Comment