Wednesday, December 3, 2014

САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ



Какви неверојатни догматичари!

 За зголемување на посетата на секој „Саем за вработување“ ги повикуваат невработените со СМС за обавезно присуство, а штом стигнеш таму никој не води сметка дали си дошол, или не! Ова значи дека поголемиот дел од невработените се појавиле на саемите, ама кога ќе стигнат таму ги очекува изненадување:
„Во моментов немаме слободни работни места. Ако навистина сте заинтересирани за работа кај нас, најдете ја веб страницата, пријавете се, оставете свое СиВи, па кога ќе имаме некое место ќе ве имаме во предвид“ – ете, вака гласи одговорот кај повеќето од 90% од фирмите на саемот. Верувајте ми, тој е поинаков само кај оние фирми кои немаат работно место кое одговара на вашите желби, особено на вашата стручна спрема.

 Во меѓувреме, се редат министри на бината, тропаат ли тропаат, живи, среќни и насмеани. Во МК се активни околу 70.000 фирми, а „благодарение на саемот“ во три градови (Скопје, Штип и Неготино) вработиле неверојатни (околу) 160 лица!?

 Ете, така расте процентот на вработеност во Чудоленд! Виртуелно, ама расте секојдневно... додека еден ден владата не ни објави дека сите до еден нè вработила, ама ние кутрите не знаеме ни каде, ни како!

 Од владиниве бајки за деца произлегува дека ние Македонците ја живееме онаа најубавата во светот, или дека фирмиве прават некаква позитивна селекција при вработувањето, квалитетните кадри минуваат низ специјални филтри со прикажани врвни резултати, па ги вработуваат само нив – специјално одбраните. ♪Лажи,лажи,лажи ме,ти ме лажеш најбоље...♪♫!!!

*мојата реакција на текстот во „Утрински“ за успешноста на Саемите за вработување

No comments:

Post a Comment