Wednesday, February 20, 2013

70 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА РАДЕ ЈОВЧЕВСКИ КОРЧАГИН

Раде Јовчевски - Корчагин
Безживотното тело
на Раде Јовчевски - Корчагин












Раде Јовчевски - Корчагин,
роден е 1919 година во Скопје во Ново Маало.

По завршувањето основно училиште, завршува два класа гимназија и го изучува кожарскиот занает во Трговското училиште. Заминува во Белград како веќе политички определен. Вклучен е во синдикалното движење на градот.

Thursday, December 6, 2012

ГРАБЕЖ





„Ко украде један хлебац,
Тога тежа казна стиже,
Него оног - правдо худа,
Милионе који диже!“
 („Лопов“ – Коста Абрашевиќ)


Актуелно е барањето за воведување санкции за кражбата на електрична енергија и вода, како и градењето на туѓо земјиште како кривични дела кои ќе се казнуваат со казна до 20 000 евра и до три години затвор. Не знам зошто ваквите кражби досега беа премолчувани и зошто не се внесени како опција во кривичните закони. Зарем секоја кражба не е кражба?! Зарем има и дозволени кражби?! Ќе треба ли да воведуваме посебни членови во законите и за грабежот што го вршат моќниците од позиција на власт, или тие вршат „корисни малверзации“ со кои воопшто не нè пљачкосуваат?

Tuesday, November 13, 2012

РАЃАЊЕ НА РЕНЕСАНСАТА




фреската „Оплакување Христово“
од црквата „Св. Пантелејмон“, Нерези
 Деновиве бев шокиран од новото тврдење во владиниот рекламен спот „Истражи ја Македонија“ дека, покрај барокот, кај нас започнала и ренесансата. Тоа да ни била владина „кампања за промоција на Македонија како атрактивна туристичка дестинација“, па затоа било дозволено да кажеме сè и сешто во неа.(?!) Всушност, не можам да се одвојам од впечатокот дека пропагандната преродбеничка машинерија постојано се обидува да нè убеди дека Македонија е центар на светот. Според нив, таа е матката на светот.

Wednesday, September 26, 2012

ГРАДИТЕЛИ — РУШИТЕЛИ



„Филип II“ и „Олимпија“ на Плоштад
„Карпошово востание“?!
 Деновиве, пропагандната машинерија на владетелот, испровоцирана од пишувањата на еден наш универзитетски професор, дека „Скопје 2014“ треба да се растури со употреба на француски клуч, повторно манипулира со јавното мнение, прикажувајќи ни ги кичфигурините и псеудобарокниот кичерај како високовредна уметност. Во светот има порцелански фигурини (пониски од 14,5 cm) кои во себе содржат поголеми уметнички вредности од псеудоуметничките достигнувања на „скопската“ инсенија (насилно наметната квазиуметност од полуписмени и не(д)ообразовани политичари).

Thursday, September 20, 2012

ЗГОЛЕМЕНА ПОТРОШУВАЧКА, ИЛИ ЗГОЛЕМЕНА СИРОМАШТИЈА?!



Една од задачите на новинарите, покрај истражувањето, е и да манипулираат со јавното мнение. Тоа се случува и во текстот објавен во „Дневник“ со наслов „Парите од под перница ги хранат граѓаните“, кој тврди дека зголемувањето на потрошувачката во земјава бил добар показател за земјава, но суштински бил лош знак?! Приказните за „позитивна“ рецесија, може да ги чуете само кај нас, во Земјата на чудата. Експертите биле толку стручни, што поим немаат зошто се случува зголемената потрошувачка?! Одговорот и не е толку сложен, како што тврдат.

Tuesday, September 11, 2012

ВИДЕО КЛИТ




Изминатата недела, македонската виртуелна социјална мрежа ја шокираше видео-изјавата на едно петнаесетгодишно малолетно девојче. Тоа одлучило да проговори за своето наводно сексуално искуство, советнички одговарајќи на прашањето на своја другарка за болот при првиот сексуален однос. Приметно е што македонската јавност повеќе ја возбуди фактот дека оваа малолетничка наводно веќе го имала своето прво сексуално искуство, одошто другите појави околу самиот видео клип. Нормално, први се јавија нејзините „најдобри другари“ раскажувајќи ја сказната дека таа била „скината“ уште на тринаесет години и дека работата не си ја завршил „шизикот“ Миле, туку некој сосема друг („поголем шизик“ од него), па потоа следувале деведесетина (леле, каква сериозна колекција на искуства).

Monday, September 10, 2012

ЛУДИЛОТО ПРОДОЛЖУВА

Трајно лудило (кликни за да ја зголемиш сликата!)

Нормално, господата покондурени сељаци не може да знаат дека тогаш во град се носела облека (а`ла турка, или а`ла франка), а не носија. Носиите идат уз опинци, не со кондури, патики и со шешири. Изгледа, повторно некоја загатка ќе да е! :0)))

За другите фелери на „преродбата“:
УТНАТА ГОДИНАТА НА ЗГРАДАТА НА МНР
ГРЕШКА НА СПОМЕНИК ВО ЖЕНА ПАРК