Monday, August 8, 2011

РАМКОВНАТА МИРКА



Едно нешто ми е сомнително во целото писание на авторов „патриот“, а тоа е контрадикторноста со поимот Славомакедонци, поим, под кој нашето малцинство е официјално признаено и воопшто нема проблеми да се изјаснува како такво во Грција. Кога некои наши сограѓани посочуваа дека Славомакедонија би било реално решение во спорот околу името со Грција, како идеална и оптимална опција за сочувување на идентитетот на македонската нација, беше одговарано дека, ете, албанскиот политички фактор (читај: А.Ахмети & Ко.) се противел на ваквиот поим.
Оддеднаш излегува дека тој нè ословувал со истото име, но во меѓувреме се ослободил од „грчките стеги“ и го сменил своето мислење, посочувајќи не како единствени наследници на античкиот народ!

Истовремено, грчкиот амбасадор, господинот Маљас, во своето интервју за „Утрински“ наведува и некаков обид на Б’лгарија воено да интервенира во Р Македонија, заради остварување на своите вековни тежнеења (за единен народ и целовитост на својата држава)… под изговор заштита на Македонците, кои и денес ги смета за изгубен и индоктриниран дел од својот народ. Зошто токму за овој факт никој од денешното ВМРО не реагира? Зошто на него не реагира ниту авторот? Зошто тие воопшто не се возбудуваат за „бранителските“ идеи на мајка Б’лгарија?  Заради блискоста ли на идеите ли?! Верува ли некој сè уште во искрените намери на ваквиот потег?! Што е со совпаѓањето на изјавите на Љ. Георгиевски за поделбата на етнички чисти територии на Македонија и ваквите намери на Бугарија? Не е ли чудно што идејата за ваквата поделба е според истите граници  на  поделба на Југославија меѓу окупаторите од 1941 година? Зарем тоа недоволно говори за намерите и за тоа кој ни ја зготвил крвавата чорба?! Ова посочува дека Сценариото на „господарите на војната“ е пишувано на сосема другата страна, но токму тоа, случајно, или повеќе намерно, авторот го занемарува како многу небитен факт. Се прашувам зошто? Зошто ли се игнорира фактот, дека токму Бугарите одиграа пресудна улога во пренасочувањето на грчкиот гнев во Егејот, кон Македонците (оние кои одбиле да станат свесни Б’лгари и не ги облекоа нивните униформи за да убиваат цивили) во годините на граѓанската војна во Грција и по неа? Зошто злоделата на ВМРО и Охрана во Грција им се припишаа на Македонците, а не на Бугарите?

Она што се одигруваше во таа 2001 година, пред нашите очи, таа вели дека сме го сонувале! Па, кој беше на власт во таа 2001?! Кој беше министер во таа влада, поред С. Керим? Зарем авторов мисли дека шкртаниците ќе и’ ги читаат само апологетите на власта?

(*Повод за текстов беше текстот на М. Велиновска, објавен во „Нова Македонија“ на 5.8.2011! Ова е мојот коментар на нејзиниот текст кој повторно не беше објавен)

No comments:

Post a Comment