Friday, March 16, 2012

РАЃАЊЕТО НА ЗЛОТО II






"Ние, българите от Македония и Одринско, не трябва да изпущаме изпредвид, че има и други народности и държави, които са много заинтересовани от разрешението на този въпрос. Една намеса на България ще предизвика намесата и на съседните държави и може да доведе до разпокъсването на Македония. Ето защо народите, населяващи тия две области, трябва сами с общи усилия и жертви да извоюват своята свобода и независимост в границите на една автономна Македоно-Одринска държава, като разчитаме само на материалната и морална подкрепа на България и на Великите сили”.
(Гоце Делчев)




Проблемот со историјата на ВМРО е што таа постојано се расправа одвоено од општата, глобалната ситуација, одвоено од Цариградската конференција и Санстефанскиот мировен договор склучен после Руско-турската војна во 1878. Потполно е невозможно за приликите во Македонија да се расправа вон овие случуваења и кон ова мора да се приклучат Српско-турската војна од 1876 и Руско-турска војна,после која и се донесени мировните договори (Цариградската конференција во 1876 година и Санстефанскиот  мировен договор, донесен две години подоцна) кои и ден-денес ги оптеретуваат балканските земји со кошмарни соништа. Меѓу нив е и прашањето за Тракија. Во нив се огледа силното влијание на руската политика на Балканот, особено врз територијалните придобивки на Бугарија проширувајќи ги нејзините територии врз целото подрачје освоено од српската војска (Пирот, Врање, Ниш, Лесковац, Призрен и Приштина) под влијание на Кнез Черкаскиј, кој имал големо влијание во Бугарија, организирајќи им го Црвениот крст, обуката на болничари и превозот и грижата за ранетите. Подоцна станува шеф на државната администрација и неговите подготовени записи биле одобрени од рускиот император и влегуваат како основа на Уставот на Бугарија од 1879 година. Починал на денот на Санстефанскиот договор залагајќи се до последен здив за интересите на голема Бугарија.

Малку познат за овдешната историја е и фактот дека во 1854 година, поради Кримската војна, започнува огромно иселување на Черкезите од кавкаската област! Ова иселување е ставено и како дел од договорот меѓу Русија и Турција, па така во областите на Македонија (Тетово, Гостивар, Скопје, Куманово, Струмица, Штип, Виница, Битола, Демир Хисар, Гевгелија, и др.), во Егејска Македонија (Сер, Драма),Т ракија, Бугарија (Видин, Шумен, Добрич, Велико Трново и др.) и Србија (Димитровград, Ниш и Лесковец) се населуваат преку 400.000 черкески семејства. Нивниот број во 1878, само во Бугарија изнесувал преку 150.000 Черкези, а околу 40.000 семејства се населени и на Косово. Голем дел од нив учествуваат во турските башибозучки одреди вршејќи напади врз српските погранични места пред почетокот на Српско-турските војни и во текот на војната, како и во Априлското востание во Бугарија од 1876 година. Наспроти тоа, голем број бугарски семејства се иселуваат во степите на денешна Украина. Подоцна, Черкезите стануваат предмет на правилникот за двете бугарски области (Источен и Западен бугарски вилает), веднаш после Цариградската конференција (1877), но и дел од Берлинскиот договор (1878).

Од 1990, наваму, во моментот кога почна да се уриваат комунизмот и Југославија, кај нас се јавува нови толкувачи на историјата кои се трудат да ја докажат блискоста на Бугарија со Македонија. Љубчо Георгиевски и деновиве изјави една теза на ТВ, дека парите и оружјето за движењето (се мисли на ВМРО) доаѓале од Бугарија. Тоа е сосема точно, како што парите за ВМРО-ДПМНЕ на првите избори дојдоа од иста страна. Но тој заборава едно, Илинденското востание не доведе до слобода од турското ропство, туку српската војна против Турција во 1912 година. Тогаш, во Кумановскиот бој кај Зебрњак е дефинитивниот крај на турското владеење. Тука, и подоцна кај Битола, како резултат на победата на српската војска над турската, настанува ослободувањето на Балканот од петвековното Османлиско ропство. Многу интересно е што во периодот пред првата светска војна и по неа, Бугарите често се вртат кон Турците и ги повикуваат четите во Македонија организирани од Србија, да и’ се предаваат на Турската војска. Нападот кај Удово е извршен во заедничко содејство на бугарските (ВМРО-вски) чети со турските. (!?) Зарем тие работеле на ослободување на Македонија од османлиското ропство?!

Итроштината на бугарското создавање на ВМРО е во тоа, што тие успеале да создадат движење кое силно ќе делува на просторот на Македонија, особено во она што денес се нарекуваат „Егејски и Пирински дел“ од Македонија и постојано ќе се претставува како „автохтоно“, иако во целост, уште од самиот почеток е организирано и раководено од Софија. Всушност, првата организација е создадена со име и статут целосно превземени од Бугарскиот револуционерен комитет. Според првиот сочуван устав, кој датира од 1986 година, нејзиното име е Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети (БМОРК). Освен кажувањата, според многу подоцнежни сеќавања, пишувани по почетокот на Првата светска војна (што говори и за нивниот пропагандно-разузнувачки карактер), не постојат релевантни документи кои би потврдиле дека создавањето на организацијата некогаш се случило, барем не на 23 октомври 1893, во Солун. Тој е определен според сеќавањата и може дури и да е измислен, токму како и постоењето на „Крушевскиот манифест“, напишан од Н. К. Мајски во 1923 година, во Бугарија, и тоа како текст кој е составен дел од драмата „Илинден“, а постојано е прикажуван од нашата историографија како документ од 1903 година. Она „македонското“ ВМРО е создадено дури подоцна, по завршувањето на Првата светска војна, на 20 декември 1919 година од Тодор Александров (кој служел во штабот на бугарската армија), Петар Чаулев (ополченец) и од Александар Протогеров, бугарски генерал-потполковник кој бил избран на местото на Христо Чернопеев (поручник во бугарската армија). Структурите на дотогашната ВМОРО во целост се слеваат во бугарската армија. Откако Одринско, поточно Тракија, е добиено, нормално е да остане желбата за Македонија. Не е на одмет да се забележи и идејата на Т.Александров за Македонија: На 1 август, 1913 година, испратил писмо до Григор Василев и Никола Милев со инструкции од Х. Матов „да агитираат за независна Македонија, и, ако тоа не се случи, тогаш Македонија да влезе во Албанија, ако ништо друго барем Битолскиот вилает, а во краен случај и Костурско, Охридско, Дебарско и Тетовско“ (Писмото се наоѓа во Централниот државен архив на Бугарија,оригинал во ракопис). Многу патриотски, нели! Колку е тоа различно од денешните идеји во ВМРО? Се сеќавате ли на идејата за делба на Македонија според етнички принцип?


Во еден одреден период под влијание на грчката црква доаѓа до забрана на делување на Пеќката патријаршија (1766). Таа делувала во одреден период како српско-бугарска (1346-1436) и како српска со силно бугарско влијание (1557-1766). Во 1459 година, потпаѓа под власт на Охридската архиепископија, која е само наследник на Преславската патријаршија, која под налетите на византија се селела од место до место, пренесувајќи го своето седиште во неколку места, преку Преслав и Сердика (Софија) завршува во Охрид. По пропаста на Првото бугарско царство, пропаѓа и првата патријаршија и неа во Охрид ја возобновува Василиј II Бугароубиец, а со негова повелба е одлучено дека нејзиниот архиепископ мора да е Бугарин по род.

Бугарската пропаганда, преку Егзархијата (потпомогната од католичката црква и Папата) го достигнува свој зенит во втората половина од XIX век. Во 1876 година во Бугарија избувнува „Априлското востание“ организирано од Бугарскиот револуционерен централен комитет и овој комитет ќе стане основ на создавањето слична организација која ќе делува на територијата на одземениот Санстефански сон, кој зафаќал простор во кој влегувала дури и Корча, зад Грамос, на запад, а на југ го опфаќа делот од Егејска Македонија, без Солун, вклучувајќи ги Костур, Воден, Кукуш, Серез, Драма, Кавала и Ксанти. Причината за огромната експанзија на новоформираната Бугарска држава е влијанието на Русија и идеалната геостратешка положба за зачувување на руските желби за контрола на Црното Море, но и излез на Егејското, преку Солунскиот залив и целото крајбрежје до Орфанскиот залив и Јонското Море. Самиот договор, по барање на Русија, и ги одзема на Србија освоените територии од нејзината војска.


Некаде во овој период се организирани и Кресненско-разловечкото востание (1878) со единствена цел да се прикаже дека „поробениот бугарски народ од Македонија има желба за обединување кон својата матица  Кнежеството Бугарија“ и е раководено од Руски офицери, Пољакот Луис Војткевич и донскиот Козак Адам Иванович Калмиков. Подоцна, со цел кревање востание на Бугарите во Западна Македонија (1880) е оформена бугарска конспиративна организација „Охридски заговор“, чиј водач е митрополитот Натанаил Охридски, еден од водачите на Кресненско-разловечкото востание.

Она што е заедничко на сите членови на организацијата (БМОРК) од тоа време е еден центар, очигледно намерно формиран од бугарската држава и во целост потпомаган од Русија, а тоа е Бугарската машка гимназија во Солун, основана есента 1880 година, со интересно име: „Свети свети Кирил и Методиј“. Треба да се знае дека во тој период Бугарија е веќе оформено автономно кнежество во вазална позиција спрема турската држава, со одредени права и во целост контролирано од Русија.

1 comment:

  1. Од дека са ти изворите,од дека правиш заклучоци?

    ReplyDelete