![]() |
Споменик на паднатите херои во Жена парк, или Берлинска колумна на победата?! |
А, што друго да каже почитуваниот
господин Танге? Сигурно бил шокиран од убавињата на преродениот барок! Ако некој ужива во грдото и го воспева како убавина, треба ли тој да му го ускрати задоволството? Зарем би
требало да расправа со некого кому естетиката не му е ниту во зародиш? Што да
каже, ако некој ужива во грдиот сладкаст кичерај и го воспева како убавина единствен градски белег на ребрендираното Скопје!? Зарем би
требало да објаснува за убавото некому кому вилеровите“ гоблени во златна „барокна“ рамка му се
естетски врв, или, пак, со оние кои купуваат слики на кило за да им одговара на
мебелот? Како оние во ТЦ „Бисер“, или пред Гратскиот трговски, каде сликите се продаваат за 50-100 евра, во зависност од
димензиите?!