Thursday, October 7, 2010

ЛАВОВИ ИЛИ ВРАПЧИЊА?




Македонски лавови или Симба
Очигледно е дека некои луѓе не можат да се одлепат од идејата да нè засмејуваат! Сатирикот замрел, сплотувајќи се со власта во едно. Некаде меѓу лавот и кошулата го снемало и духот. Се изгубил во замаглениот меѓупростор! Но неговиот сон повторно го создаваат некои нови Сатирикон скулптури,кои изгледа,му се потсмеваат на неговиот „стручен“ невкус! А зошто и не? Паричките се земени! 


Кој друг би дал огромни суми за Кичерај, наместо за уметност, ако не некој кој е крајно неедуциран и примитивен!? Радост се за кичмајсторите! Најпосле и тие дочекаа да дојдат до некоја паричка, потпирајќи се на патриотската аменција. Во улогата на Трималион се јавуваат некои новокомпонирани „патриоти“ и исти такви „величини“, но овој пат, Нерон е зрнце во поглед на нивното наличје! Тој е минорен и за грандиозниот невкус на новопечените „познавачи“ на уметноста. Градењето претпоставува чувство за приоритетите и за потребите на граѓаните на државата! Тоа претпоставува обновување на руинираните болници и училишта! Градење на нови и исполнување на истите со апарати и нагледни средства! Дури потоа доаѓа на ред компјутеризација и интернет, и тоа само со одредена цел - во склоп на наставата, или професијата! Компјутери кои ќе служат како помошно средство во наставата за учениците и наставниците, или како помош во дијагностицирањето на болеста кај пациентите во болниците, а не за срфање, за играње, за „Фејсбук“, чатување… Баш би сакал да ми ги посочите „уметничките вредности“! Јас ќе ви ги посочам Кичерајските: едните наликуваат на ликовите од анимираните филмови, другите, исто така,  но на оние од јапонските аниме/хентаи анимации! Телото им е премало во однос на главите, несразмерни се и безлични. Во себе немаат никаква живост, никакво наличје! Формата е проста, мртви се, токму како и обидот да ги идентификуваме како уметност! Авторите не се ни потрудиле да внесат во нив некаков свој израз, надевајќи се дека ќе има доволно горди наиви кои ќе им се воодушевуваат!

Еден друг автор вклучен во проектот за умножување на Кичфигурини, Димитар Филиповски, реагирајќи на најпрост можен начин на моите критики го покажа наличјето на ВМРО-вскиот препород - Бескраен Примитивизам!

*текстот е мојот одговор на писанијата на еден изгубен сатиричар во „Нова Македонија“!

1 comment:

  1. Власта, како најлош плевел уништува се што ќе допре.
    Власта е причина сама за себеси.
    Кога моќта за љубов ќе преовлада врз љубовта за моќ, светот ќе најде мир (ова не важеше за Буш и не важи за Груевски)

    ReplyDelete