
Македонија полека, но сигурно навлегува во најцрната фаза на неофашизам. Со најновото решение за спојување на Службите за државна безбедност, се остварува сонот на многумина верни „чувари на колективната свест“! Во име на народот ќе биде дозволено да ве изеде црна темница! Веќе почнаа да се бараат непријатели. Пресуди пристигнуваат без да знаете дека сте судени! Без право да се браните. Едноставно,осудени сте! Се водат судски парници за клевета, без да знаете кого сте го наклеветиле, кој ве тужи, кој ве брани… почнуваме да наликуваме на сцените од Кафкиниот роман!